Безбедносни напомени за светилки

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
- Ве молиме прочитајте ги и внимавајте на безбедносните напомени и упатства, што се приложени на батеријата или електричниот алат.
- Ракувајте внимателно со светилката. Светилката создава јака топлина, која може да доведе до зголемена опасност од пожар или експлозија.
- Со светилката не работете во околина каде има опасност од експлозија.
- По автоматското исклучување на светилката не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали светилката е изладена пред повторно да ја вклучите.
- Содржаниот извор на светлина во светилката смее да се замени само од производителот или од квалификуван стручен персонал.

Одржувајте минимално растојание на светилката до сите осветлени површини и предмети. Ако нема доволно растојание, осветлените предмети може да се прегреат.
- Не покривајте ја главата на светилката, доколку светилката работи. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина.
- При транспорт и складирање, извадете ја батеријата од светилката или извлечете го струјниот приклучок. Светилката може да се загрее.
- Користете заштитен уред со диференцијална струја кога работите со светилката во влажна средина. Употребата на заштитен прекинувач за диференцијална струја го намалува ризикот од струен удар.
- Кога ја користите светилката во подигната положба, прицврстете ја соодветно со опрема за заштита од паѓање. Ова спречува материјални штети и лична повреда ако светилката случајно падне.
- Не прикачувајте го батериската светилка на електрични кабли или други небезбедни предмети. Постои опасност од пожар и повреда.
- Ако светилката е прикачена со кука за закачување, не оптоварувајте ја со дополнителна тежина и проверете дали е добро прицврстена. Куката за закачување се дизајнирани исклучиво за носење на светилката вклучувајќи ја и вметнатата батерија. Со дополнителна тежина, светилката може да се расипе или да падне.
- Ако батериската светилка е прикачена со магнет или кука за закачување, не поместувајте ја батериската светилка или предметот на кој е прикачена. Батериската светилка може да падне.
- Не користете го светлото за како предмет седење или скала. Може да го оштетите светлото.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
- Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |
- Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
- Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.