Батерија
Bosch продава светилки дури и без батерии. Од пакувањето можете да видите дали акумулаторската батеријата е вклучена во опсегот на испорака на вашата светилка.
- Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за вашата светилка.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...

LED-светилки | Капацитет |
---|---|
Трајно светло 3 × зелено | 60–100 % |
Трајно светло 2 × зелено | 30–60 % |
Трајно светло 1 × зелено | 5–30 % |
Трепкаво светло 1 × зелено | 0–5 % |
Тип на батерија ProCORE18V...

LED-светилки | Капацитет |
---|---|
Трајно светло 5 × зелено | 80–100 % |
Трајно светло 4 × зелено | 60–80 % |
Трајно светло 3 × зелено | 40–60 % |
Трајно светло 2 × зелено | 20–40 % |
Трајно светло 1 × зелено | 5–20 % |
Трепкаво светло 1 × зелено | 0–5 % |
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.