Системи за активирање

Еднократно ослободување со осигурувач за активирање

Кај овој систем за активирање најпрво мора стабилно да се постави осигурувачот за активирање (1) на делот што се обработува. Муницијата ќе се испука откако ќе се притисне чкрапалото (4).
Потоа може да се активираат и други процеси на набивање, доколку чкрапалото (4) е претходно вратено во почетната позиција и осигурувачот за активирање (1) е сè уште целосно притиснат.

Активирање на контактот

Кај овој систем за активирање најпрво мора да се притисне чкрапалото (4) и да се држи во оваа позиција. Потоа мора стабилно да се постави осигурувачот за активирање (1) на делот што се обработува за да се исфрли муницијата. Се додека чкрапалото (4) го држите притиснато, пoнатамошните процеси на набивање може да се активираат со повторно допирање на друга точка.