Совети при работењето

Пред секој почеток на работата проверете дали беспрекорно функционираат уредите за безбедност и активирање, како и дали се цврсто поставени завртките и навртките.
Веднаш исклучете го електричниот апарат којшто е дефектен или не работи беспрекорно од доводот на енергија и контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.

Не вршете недозволени интервенции на електричниот апарат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на електричниот апарат, како на пр. осигурувачот за активирање.

Не извршувајте „Итни поправки“ со несоодветни средства. Електричниот алат треба редовно и правилно да се одржува.

Избегнувајте ослабување и оштетување на електричниот апарат, на пр. при:

  • Забивање или гравирање,
  • доколку производителот не дозволил преправки,
  • водење по шаблони, коишто се изработени од цврст материјал, на пр. челик,
  • испаѓање и туркање преку под,
  • употреба како чекан,
  • секој вид на употреба на сила.

Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за обработка. Не испукувајте хефт-иглички во ѕидови, плафони или подови, доколку зад нив има лица. Хефт-игличките може да поминат низ материјалот и да повредат некого.

Не испукувајте хефт-иглички во хефт-игличка што е веќе набиена. Притоа хефт-игличката може да се деформира, да се заглават хефт-игличките или електричниот апарат да почне неконтролирано да се движи.

Доколку електричниот апарат се употреби при ладни амбиентални услови, првите хефт-иглички ќе се набиваат побавно од вообичаено. Откако ќе се стопли електричниот апарат за време на работата, повторно се враќа нормалната работна брзина.

Избегнете испукување во празно, за да избегнете изабување на втиснувачот.

Отстранете ја батеријата од електричниот алат за време на подолги паузи или на крајот од работата и по можност испразнете го магацинот. Поставете го електричниот алат на рамна површина за да не се активира контактниот елемент.

  • Притиснете го прекинувачот (9) за да го отворите магацинот. Лизгачот на магацинот (10) се продолжува.
  • Свртете го електричниот алат така што лентата за хефт-иглици (15) ќе се лизне во магацинот (11).
  • За да го затворите магацинот, внимателно водете го лизгачот на магацинот (10) нанапред до почетокот на магацинот (11).

Длабочината на ковање може да се подеси со тркалцето за подесување (13).

  • Испразнете го магацинот (11).
  • Хефт-игличките се испукани предлабоко: за да ја намалите длабочината на забивање, свртете го тркалцето за подесување (13) во насока .
  • Хефт-игличките не се испукани доволно длабоко: за да ја зголемите длабочината на забивање, свртете го тркалцето за подесување (13) во насока .

Проверете дали граничникот за длабочина (12) е целосно поставен на делот што се обработува.

  • Повторно наполнете го магацинот.
  • Тестирајте ја новата длабочина на забивање на пробен дел за обработка.
    Доколку е потребно, повторете ги работните чекори.

Поединечните хефт-иглички може да се заглават во каналот за исфрлање. Доколку ова често се случува, контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.

  • Отпуштете го чкрапалото (4).
  • Извадете ја батеријата (7).
  • Притиснете го прекинувачот (9) за да го отворите магацинот.
  • Свртете го електричниот алат така што лентата за хефт-иглици (15) ќе се лизне во магацинот (11). Отстранете ги заглавените хефт-иглички. По потреба употребете клешти.
  • Повторно наполнете го магацинот (11).
  • Повлечете го лизгачот на магацинот (10) до почетокот на магацинот додека не кликне на своето место.

Отстранете ја батеријата од електричниот алат при транспорт, особено кога користите скали или кога имате невообичаено движење на телото.

На работното место држете го електричниот алат само за дршката (5) и со неактивирано чкрапало (4).

Електричниот апарат постојано треба да се складира со извадена акумулаторска батерија и на суво, топло место.

Доколку електричниот апарат не се користи подолг период премачкајте ги челичните делови со тенок слој масло. На тој начин ќе го спречите зар'ѓувањето.

Со куките за појас (8) може да го закачите електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на дофат во секое време.