Совети при работењето
Пред секој почеток на работата проверете дали беспрекорно функционираат уредите за безбедност и активирање, како и дали се цврсто поставени завртките и навртките.
Веднаш исклучете го електричниот апарат којшто е дефектен или не работи беспрекорно од доводот на енергија и контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Не вршете недозволени интервенции на електричниот апарат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на електричниот апарат, како на пр. осигурувачот за активирање.
Не извршувајте „Итни поправки“ со несоодветни средства. Електричниот алат треба редовно и правилно да се одржува.
Избегнувајте ослабување и оштетување на електричниот апарат, на пр. при:
- Забивање или гравирање,
- доколку производителот не дозволил преправки,
- водење по шаблони, коишто се изработени од цврст материјал, на пр. челик,
- испаѓање и туркање преку под,
- употреба како чекан,
- секој вид на употреба на сила.
Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за обработка. Не испукувајте шајки во ѕидови, плафони или подови, доколку зад нив има лица. Шајките може да поминат низ материјалот и да повредат некого.
Не испукувајте шајка на веќе забиена шајка. Притоа шајката може да се деформира, да се заглават шајките или електричниот апарат да почне неконтролирано да се движи.
Избегнете испукување во празно, за да избегнете изабување на втиснувачот.
Отстранете ја батеријата од електричниот алат за време на подолги паузи или на крајот од работата и по можност испразнете го магацинот. Поставете го електричниот алат на рамна површина за да не се активира контактниот елемент.
- Притиснете го прекинувачот (10) за отворање на магацинот. Лизгачот на магацинот (11) се продолжува.
- Свртете го електричниот алат за лентата со клинци (17) да падне во магацинот (18).
- За да го затворите магацинот (18) внимателно водете го лизгачот на магацинот (11) нанапред до почетокот на магацинот (18).
Длабочината на забивање може да се подеси со тркалцето за подесување (12).
- Испразнете го магацинот (18).
| |
|
- Повторно наполнете го магацинот.
- Тестирајте ја новата длабочина на забивање на пробен дел за обработка.
Доколку е потребно, повторете ги работните чекори.
Поединечните шајки може да се заглават во каналот за пукање. Доколку ова често се случува, контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
- Отпуштете го чкрапалото (6).
- Извадете ја батеријата (8) од електричниот алат.
- Испразнете го магацинот (18).
- Олабавете ги завртките за отворање/затворање на каналот за испукување (4) со помош на клучот со внатрешна шестаголна глава (13) и извадете го капакот на каналот за испукување (3) со лизгање и подигање за да може да се отвори каналот за испукување.
- Отстранете ги заглавените шајки. По потреба употребете клешти.
- Затворете го каналот за испукување така што ќе го поставите капакот на каналот за испукување (3) и ќе го туркате до крај на куќиштето на електричниот алат.
- Затегнете ги завртките за отворање/затворање на каналот за испукување (4) со помош на клучот со внатрешна шестаголна глава (13).
- Повторно наполнете го магацинот (18).
Штитникот за делот за обработка (2) на крајот на осигурувачот за активирање (15) го штити делот за обработка, додека електричниот алат не се постави точно за процесот на забивање. Штитникот на делот за обработка може да се отстрани и замени
- Отпуштете го чкрапалото (6).
- Извадете ја батеријата (8) од електричниот алат.
- Испразнете го магацинот (18).
- Извлечете го штитникот од осигурувачот за активирање.
- Поместете го новиот штитник за делот за обработка со отворениот крај преку осигурувачот за активирање.
Напомена: штитникот за делот за обработка (20) за работа на тесни места, треба да се чува на долната страна на магацинот (18). Откако ќе го смените штитникот за делот за обработка, лизгајте го другиот штитник за делот за обработка во депото (19).
При транспорт извадете ја батеријата од електричниот алат.
На работното место држете го електричниот алат само за дршката (16) и со неактивирано чкрапало (6).
Електричниот апарат постојано треба да се складира со извадена акумулаторска батерија и на суво, топло место.
Доколку електричниот апарат не се користи подолг период премачкајте ги челичните делови со тенок слој масло. На тој начин ќе го спречите зар'ѓувањето.