Ставање во употреба

При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување.

Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).

За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (4) притиснете ја блокадата (3).

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) и потоа отпуштете го.

Претходно избирање на број на вртежи

Со вртливото копче на бројот на вртежи (2) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Позиција на копчето за подесување

Број на вртежи во празен од (min–1)

1

900

2

1500

3

2000

4

2500

5

3000

6

3800