Монтирање на брусни алати
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Исчистете го вретеното за брусење (5) и сите делови за монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење.
- Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Потпорни плочи со затезна дршка
Завртете ја потпорната плоча со затезна дршка (7) на брусното вретено (5).
Притиснете го сунѓерот за полирање со затезна дршка (8) или волната за полирање со затезна дршка (9) на долната страна на потпорната плоча со затезна дршка (7).