Подесување на брзината/трајно подесување на брзината
Подесување на брзината
Со двете копчиња (3) може да ја подесите потребната брзина и за време на работата, видете ја следната табела. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
Трајно подесување на брзината
Со двете копчиња (3) може да подесите стандардна брзина. За да го повикате менито за подесување, држете го копчето ⊖ најмалку 5 секунди. Продолжете да го држите копчето ⊖ и истовремено притиснете го копчето ⊕ исто така најмалку 5 секунди. Претходно зачуваното подесување се прикажува преку бројот на трепкачки бели LED-светилки. Сега може да подесите стандардна брзина, како што е прикажано во следната табела. За да го зачувате подесувањето, притиснете ги копчињата ⊕ и ⊖ истовремено најмалку 5 секунди, сè додека не престане трепкањето на LED-светилките.
LED-светилки | [min-1] |
|---|---|
Светло 1 x бело | 3000 |
Светло 2 x бело | 4250 |
Светло 3 x бело | 5500 |
Светло 4 x бело | 6750 |
Светло 5 x бело | 8000 |
За да деактивирате избрана стандардна брзина, изберете ја средната LED светилка во менито за подесување и зачувајте го подесувањето како што е опишано.