Подесување на тајмер

Со двете копчиња (7) може да подесите стандардно време за полирање, по кое електричниот алат автоматски ќе се исклучи. За да го повикате менито за подесување, држете го копчето најмалку 5 секунди. Продолжете да го држите копчето и истовремено притиснете го копчето исто така најмалку 5 секунди. Претходно зачуваното подесување се прикажува преку бројот на трепкачки магента LED-светилки. Сега може да подесите стандардно време за полирање, како што е прикажано во следната табела. За да го зачувате подесувањето, притиснете ги копчињата и истовремено најмалку 5 секунди, сè додека не престане трепкањето на LED-светилките.

LED-светилки

Секунди

Трепкачко светло 1 x магента

8

Трепкачко светло 2 x магента

10

Трепкачко светло 3 x магента

12

Трепкачко светло 4 x магента

14

Трепкачко светло 5 x магента

16

Кога е подесено стандардно време за полирање, започнува одбројување за последните преостанати 3 секунди. Ова одбројување се прикажува преку 5 светлечки LED-светилки, кои потоа една по една се гаснат, односно во рок од 3 секунди одбројуваат од 5 до 1, сè додека електричниот алат автоматски не се исклучи. За да деактивирате избрано стандардно време за полирање, изберете ја средната LED светилка во менито за подесување и зачувајте го подесувањето како што е опишано.