Подесување на брзината/трајно подесување на брзината

Подесување на брзината

Со двете копчиња (6) може да ја подесите потребната брзина и за време на работата, видете ја следната табела. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Трајно подесување на брзината

Со двете копчиња (6) може да подесите стандардна брзина. За да го повикате менито за подесување, држете го копчето најмалку 5 секунди. Продолжете да го држите копчето и истовремено притиснете го копчето исто така најмалку 5 секунди. Претходно зачуваното подесување се прикажува преку бројот на трепкачки бели LED-светилки. Сега може да подесите стандардна брзина, како што е прикажано во следната табела. За да го зачувате подесувањето, притиснете ги копчињата и истовремено најмалку 5 секунди, сè додека не престане трепкањето на LED-светилките.

LED-светилки

[min-1]

Светло 1 x бело

1400

Светло 2 x бело

2800

Светло 3 x бело

4200

Светло 4 x бело

5600

Светло 5 x бело

7000

За да деактивирате избрана стандардна брзина, изберете ја средната LED светилка во менито за подесување и зачувајте го подесувањето како што е опишано.

По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.