Совети при работењето
Пред секој почеток на работата проверете дали беспрекорно функционираат уредите за безбедност и активирање, како и дали се цврсто поставени завртките и навртките.
Веднаш исклучете го електричниот апарат којшто е дефектен или не работи беспрекорно од доводот на енергија и контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Не вршете недозволени интервенции на електричниот апарат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на електричниот апарат, како на пр. осигурувачот за активирање.
Не извршувајте „Итни поправки“ со несоодветни средства. Електричниот алат треба редовно и правилно да се одржува.
Избегнувајте ослабување и оштетување на електричниот апарат, на пр. при:
- забивање или гравирање
- доколку производителот не дозволил преправки,
- водење по шаблони, коишто се изработени од цврст материјал, на пр. челик,
- испаѓање и туркање преку под,
- употреба како чекан,
- секој вид на употреба на сила.
Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за обработка. Не испукувајте шајки во ѕидови, плафони или подови, доколку зад нив има лица. Шајките може да поминат низ материјалот и да повредат некого.
Не испукувајте шајка на веќе забиена шајка. Притоа шајката може да се деформира, да се заглават шајките или електричниот апарат да почне неконтролирано да се движи.
Доколку електричниот апарат се употреби при ладни амбиентални услови, првите шајки ќе се набиваат побавно од вообичаено. Откако ќе се стопли електричниот апарат за време на работата, повторно се враќа нормалната работна брзина.
Избегнете испукување во празно, за да избегнете изабување на втиснувачот.
При подолги паузи во работата или по завршување на работата исклучете го електричниот алат, извадете ја акумулаторската батерија и по можност испразнете го магацинот.
Длабочината на забивање може да се подеси со тркалцето за подесување (13).
|
|
- Тестирајте ја новата длабочина на забивање на пробен дел за обработка.
Доколку е потребно, повторете ги работните чекори.
Поединечните шајки може да се заглават во каналот за пукање. Доколку ова често се случува, контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Напомена: Доколку втиснувачот не се враќа назад по ослободувањето на заглавената муниција, контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
- Отпуштете го чкрапалото (4).
- Исклучете го електричниот алат и извадете ја акумулаторската батерија (8).
- Испразнете го магацинот (17).
- Притиснете го затегнувачкиот лост (3) нагоре, за да може да се отвори каналот за испукување.
- Отстранете ги заглавените шајки. По потреба употребете клешти.
- Затворете го каналот за испукување, закачете ја дршката на затегнувачкиот лост (3) во куките на каналот за испукување и повторно притиснете го затегнувачкиот лост надолу.
- Повторно наполнете го магацинот.
Штитникот за делот за обработка (1) на крајот на осигурувачот при активирање (15) го штити делот за обработка. Штитникот на делот за обработка може да се отстрани и замени
- Отпуштете го чкрапалото (4).
- Исклучете го електричниот алат и извадете ја акумулаторската батерија (8).
- Испразнете го магацинот (17).
- Извлечете го штитникот од осигурувачот за активирање.
- Поместете го новиот штитник за делот за обработка со отворениот крај преку осигурувачот за активирање.
Напомена: Штитникот за делот за обработка како и резервниот штитник за делот за обработка може да се чуваат на внатрешната десна страна од поврзувачката шипка помеѓу држачот на батеријата и магацинот (17). За да го направите ова, лизнете го штитникот за делот за обработка (1) или двата заштитници за делот за обработка на соодветниот држач во депото (19).
Доколку треба да го транспортирате електричниот алат, исклучете го, особено доколку користите скали или имате невообичаено движење на телото.
На работното место држете го електричниот алат само за дршката (16) и со неактивирано чкрапало (4).
Електричниот апарат постојано треба да се складира со извадена акумулаторска батерија и на суво, топло место.