Снабдување со енергија на мерниот уред
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За вадење на преградата за батерии (13) свртете го механизмот за фиксирање (14) во позиција
. Извлечете ја преградата за батерии од мерниот уред и ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Вметнете ја преградата за батерии (13) во мерниот уред и свртете го копчето за заклучување (14) во позиција
.
- Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање, батериите во мерниот уред може да кородираат.
Приказ на состојба на наполнетост
Доколку предупредувањето за батеријата (12) трепка прво црвено, мерниот уред може да работи уште 2 h.
Доколку предупредувањето за батеријата (12) свети непрекинато црвено, не е возможно да се вршат мерења. Мерниот уред автоматски се исклучува по 1 min работа.