Полнење на батеријата
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
- Почитувајте го упатството за употреба на мрежниот напојувач.
За полнење на акумулаторските батерии, поврзете го приклучокот за полнење преку USB-кабелот со адаптерот за напојување. Вметнете го приклучокот за мрежа во приклучницата.
- Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради меѓународните прописи за транспорт. За да обезбедите максимален капацитет на батеријата, пред првата употреба наполнете ја целосно.
За време на процесот на полнење се затоплува дршката на електричниот алат. Ова е нормално.
Доколку не го употребувате, извадете го полначот од струја.
Електричниот алат не може да се користи за време на процесот на полнење; тој не е дефектен доколку не функционира за време на процесот на полнење.