Одредување на број на вртежи
Во фабричката поставка претходно се поставени 2 степени на вртежи.
Степен на избор на вртежи | [min-1] |
|---|---|
1 | 1700 |
2 | 2000 |
Зададените вредности за степенот на вртежи зависат од употребената батерија, состојбата на наполнетост, како и оперативната температура на уредот.
Со копчињата за подесување на вртежи (22) и (24) можете претходно да ја изберете потребната брзина на вртење. Податоците во приложената табела се препорачани вредности.
Материјал | Примена | Алат за вметнување | Степен на број на вртежи |
|---|---|---|---|
Арматурно железо | Сечење | Сечило за пила | 1/2 |
Навојни шипки од мек челик | Сечење | Сечило за пила | 1/2 |
Започнете со сечење дури откако уредот ќе ја достигне максималната брзина на вртење. Доколку го доведете сечилото на пилата во допир со делот што се обработува пред стартување на моторот, сечилото ќе биде преоптоварено и оштетено, што може да доведе до тешки повреди. Изберете ниво 2 за највисока брзина на сечење. Изберете ниво 1 за да се намали создавањето искри.