Монтирање/демонтирање на сечилото за пила
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.
- Користете само листови за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат.
Демонтирање на сечилото за пила (види слика A)
- Олабавете ги 4-те завртки (25) со помош на испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (11).
- Отстранете ја основната плоча (26).
- Притиснете го копчето за блокада на вретеното (2) и држете го притиснато.
- Копчето за блокирање на вретеното (2) активирајте го само доколку вретеното на пилата е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
- Со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (11) одвртете ја затезната завртка (27).
- Извадете ја затезната прирабница (28) и сечилото на пилата (14).
Монтирање на сечилото за пила (види слика B)
- Исчистете го сечилото за пила (14) и сите стезни делови што се монтираат.
- Ставете го сечилото на пилата (14). Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да одговара на стрелката за правец на вртење (1) на куќиштето. Внимавајте 3-те клинови за центрирање (29) да влезат во дупките на сечилото на пилата.
- Поставете ја затезната прирабница (28) и завртете ја затезната завртка (27).
- Притиснете го копчето за блокада на вретеното (2) и држете го притиснато.
- Со клучот со внатрешна шестаголна глава (11) затегнете ја затезната завртка (27).
- Поставете ја основната плоча (26) и завртете ја со 4-те завртки (25).