Вртење на менувачот (види слика C)
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Може да го свртите менувачот за 90° лево или десно во однос на рачката. Со тоа, прекинувачот за вклучување/исклучување (8) може да се постави во поповолна позиција за ракување за посебни работни ситуации.
Ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) во позиција „исклучено“.
Притиснете го копчето (9) и свртете го менувачот во саканата позиција (види слика C).
Прекинувачот за вклучување/исклучување (8) може да се активира само кога менувачот е во правилна позиција.