Дополнителна рачка за придушување на вибрациите
Напомена: Секачот за арматурно железо GBC18V-32PS доаѓа со дополнителна рачка за придушување на вибрациите (10). Заради ергономија и безбедност при работата, секогаш користете ја дополнителната рачка за придушување на вибрациите опишана во овие упатства за работа (10).
Навртете ја дополнителната рачка (10) од десно или од лево или од горе на погонската глава во зависност од начинот на работа.
- Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (10).
- Не продолжувајте со работа со електричниот алат, ако дополнителната рачка (10) е оштетена. Не вршете промени на дополнителната рачка (10).

Дополнителната рачка за придушување на вибрациите (10) овозможува работење со мали вибрации и пријатна и безбедна работа.